Македонија

Хаос во центарот на Скопје: „Сеат“ удри во три паркирани автомобили, контејнери, автомобили во движење и семафор

Вистински хаос се случил во петокот околу 12:30 часот на улицата Григор Прличев во Скопје, кога патничко возило „сеат“ предизвикало серија судири, оштетувајќи повеќе автомобили, контејнери и градска инфраструктура.

Вистински хаос се случил во петокот околу 12:30 часот на улицата Григор Прличев во Скопје, кога патничко возило „сеат“ предизвикало серија судири, оштетувајќи повеќе автомобили, контејнери и градска инфраструктура.

Според информациите од МВР, возилото со скопски регистарски таблички, управувано од 52-годишен маж од Косово со привремен престој во село Арачиново, најпрво удрило во три паркирани возила – „цитроен“, „шевролет“ и „пежо“. По ударите, автомобилот продолжил да се движи и удрил во три контејнери, а потоа и во „сузуки“ кое било во движење, управувано од 24-годишен скопјанец.

Ниту тоа не било крајот на драмата. На крстосницата меѓу булеварите „Крсте Петков Мисирков“ и „Гоце Делчев“, возачот со „сеатот“ удрил во семафор, а потоа и во уште едно возило во движење – „ауди“, управувано од 29-годишен жител на скопското село Долно Лисиче.

Во несреќата, возачот на „сеатот“ се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што повредите му биле констатирани од лекарска екипа.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Засега нема информации за причините и околностите под кои се случиле ударите.

Најнови вести од: Македонија

Николоски за ЕРНО: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во Коридорите 8 и 10

Меѓу 5 и 6 милијарди евра инвестираме во подобрување на инфраструктурата само на коридорите 8 и 10. Ја имаме уникатната позиција овие коридири да се сечат токму во Македонија и мора да ја искористиме за да останеме конкурентна транзитна рута, вели Николоски во интервју за регионалната мрежа ЕРНО.

„Ми дадовте можност да ја претставам нашата работа“ – Божиновска им се заблагодари на пратениците за интерпелацијата

Работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на расправа во Собранието, каде што на дневен ред е интерпелацијата поднесена од пратениците на Левица.

To top