Македонија

Хашиш „пристига“ и по пошта во Македонија

Царинските службеници открија 700 грама хашиш при проверка на поштенска пратка од Шпанија, нарачана од македонски државјанин, Р.В. од Тетово

 

Лицето беше приведено од инспектори од Одделението за истраги, а против него беше поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.

Случајот беше откриен откако пратката, по пристигнувањето во Централната пошта, беше избрана за детална проверка; при нејзиното отворање, во неколку херметички затворени кеси беа пронајдени седум пакувања со цврста зелена материја. Веднаш беа повикани тимови од Одделението за оперативни работи, а откако службено куче откри присуство на дрога во пратката, материјата беше тестирана, при што се потврди присуството на дрога.

„Во моментот кога Р.В. ја подигна пратката, тој беше приведен од инспектори од Одделението за истраги и против него беше поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

По налог на јавниот обвинител, дрогата беше испратена на форензичка анализа – со која се потврди дека станува збор за хашиш – и потоа беше одземена.

Нагласуваме дека борбата против тешкиот криминал е врвен приоритет за Царинската управа и секој обид за неовластено производство или дистрибуција на наркотични дроги, психотропни супстанции или прекурсори ќе биде строго санкциониран“, соопштија од Царинската управа.

Најнови вести од: Македонија

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top