Македонија

Христијан Мицкоски го обвини СДСМ дека води црна кампања за изборите

Тешко на СДСМ што нивната главна кампања ја води нивниот гуру во сенка, а Венко само немо ги повторува речениците, тезите и фразите кои што неговиот гуру му ги ставил на маса. Додека ние на избори пред вас излегуваме со понуда, нивната понуда се напади и клевети, црна кампања, сечени и монтирани видео клипови. Тоа е денешното СДСМ, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митингот во скопската општина Кисела Вода го обвини СДСМ дека води црна кампања. ,,Досегашната кампања недвосмислено покажува дека нашите противници се борат за своите кариери, а ние се бориме да изградиме и направиме повеќе за секој еден човек“, вели Мицкоски.

  • ,,Нивната главна кампања се темели на слоганот: ‘Се бориме за нашиот дом’. И нема ништо изненадувачки во тоа. Потсвеста им работи дури и во слоганите  не можат да ја сокријат својата природа. Тие се борат за нивниот дом, за удобностите во кои уживаат со децении, да си ги задржат. Се борат за заштита на корупцијата, за заштита на мафијашите, за заштита на Артан, Зечевиќ, Ковачевски, Маричиќ, Спасовски, Николовски, Бектеши. Се борат за да се врати времето на дилови, тендери, бизниси и дивеење. Останаа нереформирани и ги збија редовите со корумпирани кадри, мислејќи дека така уште еднаш ќе го измамат народот. Тешко на СДСМ што нивната главна кампања ја води нивниот гуру во сенка, а Венко само немо ги повторува речениците, тезите и фразите кои што неговиот гуру му ги ставил на маса. Додека ние на избори пред вас излегуваме со понуда, нивната понуда се напади и клевети, црна кампања, сечени и монтирани видео клипови. Тоа е денешното СДСМ“, рече Мицкоски во Кисела Вода.

Претходно, на митингот во Центар Мицкоски рече: „Еве да му соопштам на Венко дека народот салата ќе ги направи нив на овие локални избори. И разбирате дека СДС е партија на проблеми, го оставиле Венко сам да ја трга маката која сам си ја прифати и создаде, и товарот кој сам си го впрегна на грбот. Нереформирани и во целосна безидејност. Никаква промена не направија“.

Тој ја спомена и предложената резолуција од СДСМ. „Јасно е дека црвените линии им требаат за нови отстапки и ново предавство. Тие и сите треба да знаат, никогаш нема да дозволам да се случи била каква отстапка додека јас ја имам одговорноста да ја водам Владата, а притоа македонскиот народ и Македонија да не добијат реципроцитет“, рече Мицкоски.

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, ги наброи и клучни инфраструктурни проекти, решенија за еколошките проблеми со кои градот се соочува, подобрување на јавните претпријатија. Според него, успехот на Кисела Вода, каде тој сѐ уште е градоначалник, е модел што треба да се пренесе.

Најнови вести од: Македонија

Нови противпожарни возила за „Јасен“

Специјализирани возила и опрема, вклучително противпожарно возило со голем капацитет за вода, две теренски возила со интегрирани пумпи, возило за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари (багер со лопата), оптички систем за надзор со долг дострел како и опрема за мали инфраструктурни интервенции

Мафија на лажни просјаци „оперира“ околу Клиничкиот центар во Скопје, предупредува доктор Лазаров

Доктор Ненад Лазаров јавно алармира дека во околината на клиничките установи во Скопје дејствува добро организирана група лица кои се претставуваат како просјаци и лица со инвалидитет, а според него всушност се работи за професионална мрежа што секојдневно прибира значителни суми пари од граѓаните.

Јанева била “Катица за с’е”, велат од ВМРО- ДПМНЕ

СДС, Заев и Спасовски, преку шефицата контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени. Обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале овие предмети, додека Јанева имала улога на координатор, бидејќи немала експертиза во материјата

To top