Македонија

И 90-годишници во трка на локалните

Над една четвртина од кандидатите се на возраст меѓу 36 и 45 години, додека 9,1% се постари од 66 години

 

Седум кандидати постари од 90 години, ќе учествуваат на локалните избори што ќе се одржат утре, покажува Прирачникот за локалните избори 2025, издаден од Институтот за демократија, солидарност и цивилно општество и Фондацијата Конрад Аденауер, пренесува Скопје 1.

Според податоците од Институтот за демократија, овие лица се кандидати на листите за советници во неколку општини низ државата.

На изборите во 2025 година ќе има 312 кандидатури за градоначалници и 575 листи за советници.

Најмногу кандидати за градоначалник има во Град Скопје – 16, од кои само една жена, потоа во Прилеп и Струга по девет, и во Битола осум.

Од вкупниот број кандидати за градоначалници, 89,6% се мажи, а 10,3% жени, .

Кај советничките листи, 45% од кандидатите се жени, што покажува континуитет во рамноправната застапеност.

Во старосната распределба, најмногу кандидати – 25,3% – се на возраст меѓу 36 и 45 години, додека 9,1% се постари од 66 години.

На возраст меѓу 18 и 20 години има 409 кандидати меѓу 18 и 20 години, што претставува 3,9% од сите учесници.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

To top