Македонија

И Албанците не веруваат дека Македонци шкртале мурали на УЧК во Чаир

Следниот пат кога ДУИ ќе сака вештачки да предизвика тензии ќе мора подобро да се подготви

ДУИ вчера побара МВР да ги казни лицата кои ги шкртале муралите на командант Тели убиен во 2001, Адем Јашари убиен на Косово во 1999 година и симболите на УЧК и Голема Албанија.

Проблемот за ДУИ е што според коментарите ако МВР преземе сериозна истрага таа може да доведе до сопартијци на Ахмети.

Дел од граѓаните кои коментирале на објавата на весникот Коха се сомневаат дека ДУИ сама организирала чкртање на муралите за да предизвика реакции во јавноста.

,,Гест на ДУИ бизнис, падна толку ниско, будала си…..”, пишува еден граѓанин Албанец за настанот.

,,Хахахахахахахахаха, Артан Глупи доаѓа, сите наши идеи се ова, но ќе ти ја дадам високата цена затоа што секој сам паднал во тие јами 😂”, забележува друг Албанец.

Дека ова сценарио, ДУИ сама да предизвикала инцидент е можно покажува проста анализа на нашишаните пораки врз албанските симболи.

Напишаните зборови немаат смисла на македонски јазик односно се гледа дека пишувал некој што што не знае крилица на македонски.

Зборот Македонија на латиница е напишан точно но проблемот е што кратенката УЧК односно UCK е напишана на латиница со знакот на C кој што не го користи ниту еден Македонец.

Дека авторот е Албанец може да се заклучи и од зборот vdekje напишан на албански кој означува смрт.

Зошто некој би пишувал Македонија на кирилица на македонски а УЧК и смрт на латиница на албански е нејасно и нелогично.

Следниот пат кога ДУИ ќе сака вештачки да предизвика тензии ќе мора добро да размисли ако сака да ги убеди граѓаните дека навистина имало провокација од Македонците.

Поврзана вест

ДУИ бара да се казнат лицата кои шкртале мурал со Голема Албанија

Најнови вести од: Македонија

Иако локализиран, постои опаснот пожарот на Пелистер пак да пламне

За време на повеќечасовната борба во текот на изминатата ноќ со огнената стихија биле повредени двајца припадници на единиците што учествувале во гаснењето. Според информациите од терен, нивната здравствена состојба е стабилна.

ФЕРОИНВЕСТ со најголема жетва на пченка досега за биогасната електрана во Сарамзалино

Компаниите од групацијата ФЕРОИНВЕСТ годинава ја реализираа својата најголема жетва на пченка досега на земјоделските површини во Овчеполието, со најдобри резултати од почетокот на земјоделското производство на овие локации, како во однос на приносот по хектар, така и во однос на квалитетот

To top