Македонија

И Џамбаски му се израдува на Маѓар – ќе го ослабел „антибугаризмот“ во Македонија

Бившиот бугарски европратеник „многу се надева“ и на екстрадиција на Груевски, кој создал „лажна историја и лажна нација“

Поранешниот бугарски европратеник Ангел Џамбаски му се придружи на СДСМ во славењето на промената на власта во Унгарија, оценувајќи дека победата на Петер Маѓар била можност за ослабување на „антибугарското влијание“ во Македонија, поттикнато, според него, од досегашниот унгарски премиер Виктор Орбан.

Во интервју за бугарскиот портал „Таралеж“, членот на Европскиот парламент од 2014 до 2024 година ја обвини Владата на Орбан со години ја помагала „абтибугарската политика“ во Македонија, вклучително и преку медиумите и политичките структури, истакнувајќи дека оваа поддршка придонела за воспоставување силна антибугарска пропаганда во регионот.

„Со години ова беше главната антибугарска сила и главниот антибугарски остров во Република Северна Македонија“, рече Џамбаски, изразувајќи очекување дека промената во Унгарија би можела да доведе до намалување на влијанието на антибугарските политички кругови во Скопје и во Белград.

Прашан дали поранешниот македонски премиер Никола Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија, членот на Извршниот комитет на ВМРО-БНД одговори: „Многу се надевам, бидејќи треба да оди во затвор. Овој човек е архитектот на антиквизацијата, со која започна одвојувањето на македонските Бугари од Бугарија. Со теоријата за антиквизација, тој создаде лажна историја и лажна нација“.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top