Македонија

И ексдиректорот на МЕПСО би го раскинал договорот за интерконекцијата со Албанија

Куштрим Рамадани, поранешен генерален на МЕПСО, објаснува зошто не чини договорот со „Енергоинвест“

Поранешниот генерален директор на АД МЕПСО, Куштрим Рамадани, кој доаѓа од редовите на ДУИ, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, околу проектот Интерконекција Македонија – Албанија и договорот со компанијата Енергоинвест од Босна и Херцеговина, беше категоричен, изјавувајќи:

– Немаа активности на терен. Во договорните услови нема простор за зголемување на цената; договорот е lump sum, со фиксни и непроменливи цени, затоа ниту сум им дал простор на компанијата Енергоинвест за разговори за зголемување на цените – договорот не дозволува такво нешто.

Скандал со интерконекцијата со Албанија: Договорот раскинат оти бил за испумпување пари за ДУИ

Компанијата од Босна и Херцеговина имала само мала канцеларија, со еден вработен и контакт телефон на кој никој не се јавувал, вели тој и додава:

– Со длабоко убедување велам дека јас би го раскинал тој договор!

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top