Македонија

И Македонија има авиони за гасење пожар, а ние не, коментираат во Бугарија

Останавме последната земја во ЕУ и на Балканот што нема таква опрема, вели професор на Шумарскиот универзитет во Софија

Бугарија е единствената земја во Европската унија и на Балканот што нема противпожарни авиони, констатира Момчил Панајотов, професор на Шумарскиот универзитет во Софија, наведувајќи ја како позитивен пример и Македонија.

„Останавме последната земја во ЕУ што има проблем со пожари, а нема таква опрема, и последна на Балканскиот Полуостров. Албанија веќе купи авиони, Македонија има, а да не зборуваме за Турција, Грција и Романија. Сакавме да се споредуваме со Романија кога влеговме во ЕУ. Во овој поглед, како и во многу други, сме далеку зад неа. Очигледно, имаме растечки проблем со пожарите, а немаме специјализирана авијација“, изјави Панајотов за бугарскиот весник „Труд“.

Најнови вести од: Македонија

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

Даниловски: Одложувањето на БСЖ- вакцината е мерка на претпазливост

Донесен е заклучок времено да се одложи БСЖ-имунизацијата до добивање целосни информации за сериите, нивниот квалитет и евентуалната поврзаност со појавата на несаканите реакции кои се појавија во Хрватска, вели епидемиологот

To top