Македонија

Иако локализиран, постои опаснот пожарот на Пелистер пак да пламне

За време на повеќечасовната борба во текот на изминатата ноќ со огнената стихија биле повредени двајца припадници на единиците што учествувале во гаснењето. Според информациите од терен, нивната здравствена состојба е стабилна.

Опасноста од негово повторно активирање и ширење останува голема и во значителна мера ќе зависи од временските услови.

Во неговото гаснење во текот на минатата ноќ учествуваа екипи на НП „Пелистер“, противпожарните единици на Битола и Ресен, со поддршка на огнениот тим на Дирекција за заштита и спасување, потоа екипи со луѓе и механизација на јавните претпријатија од Битола и приватни фирми, како и екипи на Доброволното противпожарно друштво „Архангел“, јавува Плусинфо.

Ставен под контрола пожарот на Пелистер

И покрај локализирањето на пожарот, екипите остануваат на терена во гаснењето денеска е вклучен и армиски хеликоптер, кој обезбедува воздушна поддршка на единиците распоредени на критичните точки.

Во текот на денот се очекува на терен да пристигнат и припадници на Доброволното противпожарно друштво Кочани, како и двата „Ер трактор“ авиони, со што дополнително ќе бидат засилени капацитетите за справување со пожарот.

Надлежните остануваат во состојба на зголемена готовност, бидејќи временските услови ќе бидат клучни за тоа дали локализираниот пожар ќе остане под контрола

„Утрово состојбата со пожарот кој го зафати Националниот парк „Пелистер“ е стабилна, тој е локализиран, но опасноста од негово ширење и натаму е голема. Претпладнево ќе се интервенира со хеликоптер, како и со два ертрактори“, изјави директорот на НП „Пелистер“ Иванчо Тошевски.

Најнови вести од: Македонија

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top