Македонија

Ибрахими од Вреди ја предизвика ДУИ: Ќе се повлечеме од изборите, ако покажете која година од вашето владеење е поуспешна од оваа година и пол, откако сме ние на власт!

Останува да се види сега: дали и како Али Ахмети и неговите сопартијци ќе одговорат на овој предизвик, што им се упатува од редовите на коалицијата Вреди?

Лидерот на партијата Алтернатива од коалицијата Вреди ја предизвика ДУИ: „Ќе се повлечеме како коалиција од изборната трка, ако покажете која година од периодот додека бевте вие на власт е поуспешна од оваа година, откако сме ние на власт!“ Ова го објави информативниот портал на албански јазик Алфакс.

Порталот пишува: Лидерот на Алтернатива Зеќирија Ибрахими на митингот во Студеничани изјави дека противниците никогаш нема да ги стигнат Вреди во оваа кампања. „Постојано ги предизвикуваме: ајде да се вратиме на прашањето на локалната власт. Ајде да се вратиме на точката: што направија тие во општините населени со Албанци, колку пари донеле во тие општини, какви проекти реализирале во нив?

Ибрахими рече дека Владата и Вреди во неа во овие 15 изминати месеци, откако се на власт, издвоиле повеќе од 80 милиони евра во општините, населени со Албанци.

„Изберете која година сакате од вашиот мандат, додека сте биле навласт, и ајде да ја споредиме со оваа година и пол од мандатот на Вреди, откако е на власт, да споредиме било според бројот на проекти, што се реализирани, било според износот на пари, што се издвоени!“ – посочи Ибрахими, објави „Алфакс“.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ако ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја отсликува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза.

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top