Македонија

Илинденски коњаник даде заклетва и запроси ,,комитка” (ВИДЕО)

Стефан по петти пат со коњаницата, на Марија првиот пат и беше среќен

На утринската церемонија во Бигорскиот Манастир еден од илинденските коњаници даде заклетва и веднаш на изненадување на неговата девојка ја запроси ,,комитката”.

Стефан Ѓурчиноски од гостиварското село Тумчевиште го направи решителниот чекор и веднаш откако даде заклетва дека ќе ја чува Македонија и откако го слушна одговорот од својата сакана со златен прстен се обврза на вечна љубов.

Идната невеста е Марија Давидовска од село Стенче кое се наоѓа во Брвеница, на половина пат меѓу Гостивар и Тетово.

Годинава двајцата се дел од Илинденската коњаница, Стефан по петти пат јава со здружената коњаница ,, Бигорски Манастир – Патот на Патот на Црешовото Топче“.

На Марија и е прв пат да јава со коњаниците и веднаш беше запросена од својата љубов.

Овој дел од денешните настани во Бигорскиот Манастир е по 8 – та минута во видеото со цела церемонија за Илинденските коњаници

Најнови вести од: Македонија

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

To top