Македонија

Илон Маск формираше ,,Американска партија” за да го урне двопартискиот американски систем

Американската партија е формирана за да ви ја врати слободата

Еден од најбогатите луѓе на светот Илон Маск денеска ја формирал ,,Американската партија”, движење кое има за цел да го собори двопартискиот систем во САД.

 

Откако вчера на социјалната мрежа Х на поранешен Твитер објави анкета со прашање дали американците сакаат трета партија, Маск денеска веќе ја формирал партијата.

 

,,Со фактор 2 спрема 1, сакате нова политичка партија и ќе ја имате!

 

Кога станува збор за банкротирање на нашата земја со расипништво и корупција, ние живееме во еднопартиски систем, а не во демократија.

 

Денес, Американската партија е формирана за да ви ја врати слободата”, објави Маск.

 

Веста ја потврдува и алатката за вештачка интелигенција ГРОК која е создадена од неговиот тим во Твитер.

 

,,Да, вистина е. Илон Маск денес на X го објави формирањето на Американската партија, наведувајќи ја фрустрацијата од расипничкото трошење во еднопартиски систем”, пишува ГРОК.

 

Маск беше еден од најблиските соработници на Доналд Трамп додека не се судрија пред околу еден месец кога Трамп протурка закон со кој се зголемуваат трошоците на државата и се зголемува лимитот на задолженост на САД.

Маск го обвини Трамп дека е на списоците на синџирот  за педофилија на Џефри Епштајн а Трамп му порача дека треба да му се скратат субвенциите што ги добиваат неговите фирми индиректно дури и да биде протеран во Јужна Африка од каде што потекнува еден од најбогатите луѓе на светот

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top