Македонија

Има основани сомневања: Коцевски за 13-те приведени вчера за пожарот во Кочани

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски денеска изјави дека постојат основани на сомненија дека осомничените како службени лица сториле тешки дела против општата сигурност. „Јавен обвинител од специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициско овластување и припадници на затворската Полиција при ОЈО за организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава […]

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски денеска изјави дека постојат основани на сомненија дека осомничените како службени лица сториле тешки дела против општата сигурност.

„Јавен обвинител од специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициско овластување и припадници на затворската Полиција при ОЈО за организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од страна на МВР –Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 13 полициски службеници. Во конкретниот случај постои основа на сомнение дека во период од 14 март 2025 година до 16 март 2025 година на територијата на СВР- Штип осомничените како службени лица сториле тешки дела против општата сигурнос“т, рече Коцевски.

Тој на прес-конференцијата појасни дека 13 полициски службеници, како соизвршители не постапиле според прописите за мерките за заштита, одобриле план за Акциска контрола на угостителски објекти на подрачје на Полициска станица (ПС)-Кочани, без да проверат дали истиот ги има опфатено сите проверки во надлежност на МВР и дали се запазени одредбите од стандардните оперативни процедури за процена и управување со ризики при вршење на полициски работи.„о овој План кој бил изготвен врз основа на претходно изготвени планови без какви било измени било постапено и на 16 март 2025 година на место каде што биле собрани поголем број на луѓе во кабарето „Пулс“, не преземале мерки за спречување на активирање на пиротехничка опрема на сцената, каде настапувала музичката групата ДНК, во моментов кога ја вршеле контролата, чие палење не било пријавено во Полициска станица-Кочани, а од која пиротехника како последица настанал пожар во дискотеката „Пулс“, изјави Коцевски.

Коцевски додаде дека полициските службеници, со тоа што не спречиле палење на пиротехниката, тие не преземале мерки и за заштита за присутните лица во дискотеката „Пулс“, каде поради несоодветните услови за работа на акциската контрола настанал пожар и со тоа предизвикале настапување на смрт на 62 лица, а над 200 лица се здобиле со потешки и полесни повреди. Заради непречено водење на кривичната постапка и обезбедување на присуство на обвинитите Јавниот обвинител на судијата на претходна постапка на Основниот Кривичен суд Скопје му предложи спрема осомничените да се определат мерки на претпазливост.

„Тоа се: забрана за напуштење на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинитете да се јавуваат повремено на определено службено лице, или кај надлежен државен орган, кој ќе ги определи судијата на претходна постапка, привремено одземање на патна или друга исправа за применување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, забрана и контакт со определени лица, со осомничените лица, како и забрана за преземање на работни активности –полициски служби„, рече Коцевски.

 

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top