Македонија

„Имам многу што да кажам“: Шилегов за исклучувањето од СДСМ

Бившиот потпретседател и член на Извршниот одбор на опозициската партија најави дека ќе реагира утре

„Сега не е моментот да давам политички изјави, но секако имам што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица и за парите што така лесно ги имаат заработено во изминатиот период“, изјави Петре Шилегов вечерва во емисија на 4ТВ од Кочани во врска со исклучувањето од СДСМ.

Како бранител на еден од обвинетите во судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, а во знак на почит за 63. жртви и над 200 повредени, поранешниот градоначалник на Скопје и бивш пратеник на СДСМ на годишнината од трагедијата одби да коментира за одлуката на Извршниот одбор на неговата сега веќе експартија.

Бившиот потпретседател и член на ИО на опозициската партија најави дека ќе реагира за одлуката утре.

 

Најнови вести од: Македонија

Се извини откако претстави македонска песна како „стара бугарска“

Кандидатката од Крушево, Ребека Јанкоска, ја пееше песната „Дали чекаш стара мајчице“, авторска песна на браќата Миле и Ѓорги Барбаровски, а испеана од Гоце Арнаудов во 1994-та на фестивалот „Валандово“

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

To top