Македонија

IN MEMORIAM: Македонија загуби хроничар кој остави дела за иднината

Легенда на македонското новинарство и мијачијата

Македонија денеска загуби хроничар кој остави дела со кои идните генерации ќе знаат за многу важни настани од поновата македонска историја.

Утрово во Гостивар на 76 годишна возраст почина Киро Кипроски, новинар и публицист.

Тажната вест ја објавија членови на неговото семејство.

Во неговата над петдецениска кариера најдолго работеше во магичниот медиум локалната радиостаница Радио Гостивар.

Како дописник соработуваше со „Нова Македонија“, МИА, „Утрински весник“, Макфакс, Радио Скопје, „Екран“, Дојче Веле и повеќе неделници и ревии од поранешната Југославија.

Автор е петнаесетина монографии и книги за кои има добиено и признанија.

На читателската публика и е познат по репортажите и фотографиите од посетите на Света Гора, Кина, Египет, за особеностите на мијачкиот крај.

Кипроски беше заштитен знак на манифестацијата „Галичка свадба“ и ги следеше сите нејзини изданија.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top