Македонија

IN MEMORIAM: Замина една од најголемите македонски фудбалски легенди

Легендата што уште долго ќе ја памети Градски

На 70 годишна возраст во Скопје почина Васил Рингов, една од најголемите македонски фудбалски легенди.

Роден во Струмица (НР Македонија, ФНРЈ), тој е сметан за еден од најдобрите македонски фудбалери досега.

Започнал да игра додека сè уште бил тинејџер за Беласица Струмица, од каде се преселил во белградскиот гигант Партизан, но откако не добил многу шанса во Белград, се преселил во Втората југословенска лига во екипата на Тетекс каде подоцна станал главна ѕвезда на клубот.

После две години, тој го привлекол вниманието на другиот македонски клуб во Втората лига, скопски Вардар.

По одиграни две сезони, Вардар со помош на Рингов се вратил во Првата југословенска лига, каде настапувал во текот на поголемиот дел од осумдесеттите.

Рингов станал главен играч во Вардар, настапувајќи до 1986 година на повеќе од 200 лигашки натпревари и постигнувајќи 93 лигишки голови.

Во Скопје, Рингов го одиграл најголемиот дел од својата кариера, со исклучок на кратката полусезонска магија во Динамо Загреб, а близу крајот на неговата играчка кариера, уште една полусезонска магија, овој пат во Бтората бундеслига, во екипата на Ајнтрахт Брауншвајг.

Најнови вести од: Македонија

Во пресрет на CES 2027, најновите производи на „Samsung“ препознаени од Асоцијацијата за потрошувачка технологија

Компанијата освои CES® 2027 награди за иновации за своите мобилни уреди, уреди за домашна забава, апарати за домаќинство и полуспроводници.
Galaxy Z Fold8 Ultra и Z Fold8 прогласени за “Најдобра иновација” во категоријата мобилни уреди на CES наградите за иновации

Почина професор д-р Никола Петров, творецот на „Росица“, „Другарче“ и „Наш свет“

Тој се смета за основоположник на македонската предучилишна педагогија, а генерации ученици во Македонија израснаа со списанијата за деца што ги покрена професорот и поранешен декан на Педагошкиот факултет

To top