Спорт

Дончевски за Рингов: Повеќе од големо фудбалско име, човек што не се заменува

Вардаровата играчка и тренерска легенда се прости од великанот на македонскиот фудбал со 214 настапи и 93 гола за „црвено-црните“

Легендарниот македонски фудбалски тренер Андон Дончевски од далечната Австралија се огласи за заминувањето во легендите на великанот на Вардар и на македонскиот фудбал Васил Рингов.

„Васил Рингов за мене секогаш ќе биде повеќе од големо фудбалско име. Имавме среќа да соработуваме заедно јас како тренер а он како капитен во време кога апсолутно доминиравме низ цела Југославија. Можевме да го гледаме на терен мирен и сигурен, а во исто време решителен и храбар со застрашувачки удар и многу прецизен центаршут.

Се сеќавам на денот кога дојде од Тетекс и на првите подготовки во Крушево, додека бевме во Втора лига. Уште тогаш се гледаше дека станува збор за фудбалер од посебен калибар кој ќе го преземи товарот и го вратиме Вардар онаму каде и заслужува да биде. Верував дека тој го постигна еден од најважните голови за Вaрдар – иако чудно, со глава – гол што значеше многу повеќе од резултат.

Таквите моменти не се забораваат. Таквите луѓе не се заменуваат.

Почивај во мир, Василе. Честа беше да соработуваме, гледаме и да те паметиме.

Вечна ти слава“, напиша „чичко Дончо“ во писмото со кое се прости од великанот со 214 настапи и 93 гола за Вардар.

Најнови вести од: Спорт

Ракометарите на Вардар ги добија ривалите од групата во Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар на денешното извлекување на групите ги доби ривалите за новата сезона во најквалитетното натпреварување, а противници им се: француски Нант, германски Мелсунген и полската екипа Висла

To top