Македонија

IN MEMORIAM: Замина човекот што ја овековечи антологиската песна за патрикот ,,1762 лето”

Почина доајенот на македонската изворна песна, Наум Бурназ

Македонската музичка сцена остана без еден од своите најпрепознатливи интерпретатори на народната песна. Почина Наум Бурназ, доајен на македонската изворна музика, чиј глас со децении беше препознатлив симбол на традицијата и музичкото наследство.

Во текот на својата богата кариера, Бурназ остави длабока трага на македонската естрада, изведувајќи голем број народни песни кои и денес се дел од музичката ризница на Македонија. Со својот препознатлив вокал, исклучителна интерпретација и посветеност кон народната песна, тој успеа да ги освои срцата на повеќе генерации љубители на македонскиот фолклор.

Негова најпозната антологиска изведба е песната за укинувањето на Охридската Патријашија ,,1762 лето” позната и како Песна за патрикот која е народна песна
за која текстот е на Григор Прличев а Бурназ за пееше во аранжман на Миодраг Божиновски.

Со заминувањето на Наум Бурназ, Македонија загуби истакнат музички уметник, но неговото дело ќе продолжи да живее преку песните што ги остави зад себе и кои ќе останат дел од културното наследство за идните генерации.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Гаши: Само обединети и со почитување на разликите можеме да изградиме држава во која секој граѓанин се чувствува еднаков и безбеден

Овој значаен датум нè потсетува на издржливоста, храброста и напорите на генерациите пред нас во нивната потрага по слобода, достоинство и независна државност

Ѓорѓе Иванов: Како следбеници на нашите предци, треба да создадеме иднина за нашите потомци

Македонска револуционерна борба донесе многу жртви, непоколебливост и хероизам кој, ни е оставен во завет, нам, на сегашните македонски граѓани, како и на идните генерации

To top