Македонија

Исчезнатиот Македонец Стивен Ивановски од пожарот во Швајцарија е пронајден починат

Страшна вест од Кранс Монтана

Стивен Ивановски, кој се водеше како исчезнат по катастрофалниот пожар во Кранс-Монтана, е пронајден мртов, неофицијално тврдат дипломатски извори  кои инсистираат на анонимност.
Семејството и пријателите на Македонецот веднаш објавија апел за помош во јавноста откако тој исчезна за време на пожарот што избувна во барот La Constellation во познатиот скијачки центар Кранс-Монтана во Швајцарија.
Во пожарот загинаа десетици лица, а над стотина беа повредени, од кои многумина тешко.
„Додека жалиме за трагично загубените животи и оддаваме почит на херојските напори на спасувачките екипи, нашите мисли се со семејствата на жртвите и повредените“, стои во објавата на профилот на Амбасадата на Швајцарија во Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top