Македонија

Искршени врати, украдени противпожарни апарати и запалени учебници во училиште во Ѓорче Петров

МВР

Непознати сторители провалиле во основно училиште во скопската населба Ѓорче Петров, каде што оштетиле влезни врати, изнеле противпожарни апарати и запалиле учебници во училишниот двор, информира Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, на 3 јули во 13:35 часот во СВР Скопје било пријавено од основното училиште дека во периодот од 04:00 до 05:00 часот истиот ден, со употреба на физичка сила биле оштетени влезните врати од спортската сала.

Оттаму биле извадени два противпожарни апарати, кои потоа биле употребени во дворот на училиштето, каде што сторителите запалиле учебници што претходно ги одзеле од училиштето.

Полициска екипа извршила увид на местото, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

To top