Македонија

Историјата на Македонија на „допир за сите“

Целна на проектот е архивското и историското наследство да стане подостапно за лицата со оштетен вид, преку примена на Брајово писмо и инклузивни содржини

Државниот архив на Македонија, во соработка со Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ – Скопје, денеска ќе го промовира каталогот со Брајово писмо „Документи што зборуваат на допир“.

На настанот, како што соопшти Министерството за образование и наука, ќе се обрати министерката Весна Јаневска.

Публикацијата претставува избор на најзначајни документи што се чуваат во депоата на Државниот архив и во неговите подрачни одделенија, при што под секој документ е дадена соодветна легенда на Брајово писмо.

Како што соопштија од Државниот архив, станува збор за проект чија цел е архивското и историското наследство да стане подостапно за лицата со оштетен вид, преку примена на Брајово писмо и инклузивни содржини.

Според организаторите, каталогот претставува придонес кон поголема пристапност на културните и историските вредности и афирмација на еднакви можности во областа на културата и образованието.

Промоцијата ќе се одржи во НУ Музеј на македонската борба за самостојност во Скопје, со почеток во 11 часот, а од Државниот архив посочуваат дека проектот има за цел да ја подигне јавната свест за значењето на инклузивноста во културните институции и зачувувањето на културното наследство достапно за сите граѓани.

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top