Македонија

Итно да се затвори депонија за отпад во Никуштак, нареди Меџити

Оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, донесе одлука за затворање на несoстандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково.

Во одлуката, Меџити посочува дека оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди.

  • „Одлуката е донесена во согласност со законот за државна администрација и законот за животна средина, почитувајќи го принципот на висок степен на заштита и превенција од штетни последици. Наредбата стапува на сила веднаш“, се вели во соопштението.

Од МЖСПП појаснуваат дека одлуката е донесена во согласност со законот за државна администрација и законот за животна средина, почитувајќи го принципот на висок степен на заштита и превенција од штетни последици и дека наредбата стапува на сила веднаш.

Министерот поладнево на брифинг со новинарите информираше дека се дадени наредби за контрола на сите депонии во државата и не регистрирани локации за отпад.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top