Македонија

Иван, Јован и Марио ја освоија наградата „Средношколец милионер“

Награда е 1.000.000 денари на првото издание на најголемиот и најамбициозен натпревар за средношколски бизнис идеи во Македонија, организиран од страна на „Бреинстер“ кој кулминираше синоќа во Скопје

Тимот Stay BE, со нивната бизнис идеја наречена „Систем 4“, ја освои главната награда во вредност од 1.000.000 денари на првото издание на „Средношколец Милионер“, најголемиот и најамбициозен натпревар за средношколски бизнис идеи во нашата земја, организиран од страна на „Бреинстер“ кој кулминираше синоќа во Скопје.

Јован Талевски, Иван Секуловски и Марио Рабаџиевски се средношколци од три битолски средни училишта и велат дека биле сигурни во победата.
„Чувството е победничко. Очекувавме победа уште од почетокот. Немаше идеја која беше приближно до нашиот концепт. Нашата идеја мисли за иднината и помага на луѓето особено на бизнисите. Кога слушнавме дека ќе има ваков натпревар во Македонија, веднаш знаевме дека ќе формираме тим, па требаше само да се собереме, да ја структуираме идејата и да победиме. Милионот денари нема да ги трошиме по одмори и забава, туку ќе ги вложиме во идејата, ќе работиме уште помотивирано. Нема веќе одмор за нас“, низ смеа и задоволство зборуваат Иван, Јован и Марио.
Второпласирани со само 5 поени помалку од победниците беа момците од Академија Разлика и нивниот одличен концепт „ПаметПакет“ кои исто така добија понуда од инвеститорите за инвестиција во нивната идеја. Третото место им припадна на ЈКЦ Милионерс со идејата DWear. Сите учесници од тимовите на ТОП 10 финалистите добија вредносни ваучери за образовниот екосистем на Бреинстер – факултетот НЕКСТ и НУ Академијата.

 

Покрај главната награда, победниците добија и понуда од инвеститори за дополнителна инвестиција во износ од 6.000 евра, како и вредносни ваучери за Brainster NEXT и НУ Академијата за талентирани средношколци.

Младите иноватори се натпреваруваа со свои бизнис-идеи односно Систем 4 (StayBe – Битола) што подразбира AI-сервис за луксузни ресторани и хотели кој автоматски ги анализира нивните проблеми и нуди три видови дигитални решенија: AI веб-асистент, AI телефонски агент и брза изработка на веб-страни.

 Големо задоволство ни е да соопштиме на првото издание на „Средношколец Милионер“ – најголемиот натпревар за средношколци во Македонија. Од почетната визија да создадеме платформа што ќе ги открие и поддржи најамбициозните млади претприемачи, до денешното финале, помина долга и интензивна подготовка. Но најважно е што резултатот ја оправдува секоја инвестиција во оваа мисија, објавија организаторите.
Победникот ја освои главната награда од 1.000.000 денари, донација од основачот на Brainster групацијата, Петар Ниновски, кој сака да им овозможи на младите претприемачи можност што и нему му била дадена на почетокот.
Покрај тоа, победниците добија и понуда од инвеститорите за дополнителна инвестиција од 6.000 евра, како и вредносни ваучери за Бреинстер НЕКСТ и НУ академијата за талентирани средношколци.
Stay BE со „Систем 4“ имаат идеја да помагаат на други бизниси од областа на туризмот и угостителството, со фокус на луксузните хотели со ресторани во САД и државите од Европската Унија.
„Користиме автоматизиран систем со вештачка интелигенција кој наоѓа илјадници ресторани во определена локација, ги аланизира проблемите со кои тој бизнис се соочува, им испраќа порака преку е-пошта за тоа каков проблем имаат, како можеме да им помогнеме со еден од трите системи кои ги нудиме(во некои случаеви покрај пораката испраќаме и бесплатна демо верзија од решението на потенцијалниот клиент за да покажеме професионалност, посветеност и да изградиме доверба).
Системите се: AI асистент за на веб страната (AI Chat Assistant), AI телефонски агент (AI Phone Callers), или надградување/обновување на веб страната за неколку часа користејќи специјализирани алатки со вештачка интелигенција. Потоа, кога добиеме повратна порака, ние веднаш започнуваме да ги градиме тие системи“, пишуваат Stay BE за својата победничка идеја.

Најнови вести од: Македонија

Пола Македонија под вода – битката со невремето продолжува, само во Кичево евакуирани 250 семјства

Куќи полни со вода, поплавен и уништен мебел, расипани машини, нефункционална бела техника, блокирани возила – тоа е состојбата еден ден по поплавите во населбите во Кичево. Во Подварош околу 50 куќи, кои се во близина на Зајаска река се поплавени, а жителите ја опишуваат ужасната ноќ што ја преживеале.

Азески: Дијалогот е единствениот начин за договор за минималната плата, не протестите!

„Дијалогот е клучен за решавање на проблемот со минималната плата.“ – нагласи претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, кој денеска беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што ќе биде отворен Инвестициски центар. Запрашан за барањата за зголемување на минималната плата и поврзано со протестите на Сојузот на синдикатите на Македонија, Азески рече дека со протести нема да се најде решение за зголемување на платите на работниците и оти е затоа неопходен дијалог. Во меѓувреме во март треба да се разговара за усогласувањето на минималните плати во државата.

Ахмети од Приштина до Хашкиот трибунал, a можеби и до некои во Македонија: Нема да нѐ скршат, исто како и семејствата на нашите другари во Хаг!

Претседателот на ДУИ Али Ахмети учествуваше на претставувањето на книгата на Ахмет Шала со наслов „Кога тишината зборува“, која се одржа денес во Приштина. Ахмети во својот говор рече дека поранешните водачи на косовската УЧК во Хашкиот трибунал се „неправедно судени со обвинувања за дела, што не ги сториле“. Ова го објавија информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје и други медиуми на албански јазик од Балканот. 

To top