Свет

Хатами: Во случај на копнена инвазија, ниеден американски војник не смее да преживее

Од момент во момент да се следат движењата и дејствата на непријателот со најголема прецизност и да се спроведат планови за спротивставување на непријателските методи на напад, нареди началникот на иранските вооружени сили

 

Врховниот командант на иранската армија ги повика оперативните штабови да ги следат движењата на САД и Израел со најголема прецизност и „од момент во момент“ со цел да се спротивстават на можна копнена инвазија, пишува иранската државна новинска агенција ИРНА.

Началникот на вооружените сили Амир Хатами беше снимен за време на состанок со други воени лидери. Агенцијата ИРНА ги сумираше клучните пораки од неговото обраќање.

„Ако непријателот се обиде да изврши копнени операции, ниту еден од нивните војници не смее да преживее“, се вели во резимето на зборовите на Хатами.

„Потребно е од момент во момент да се следат движењата и дејствата на непријателот со најголема прецизност и да се спроведат планови за спротивставување на непријателските методи на напад“, се додава.

Во синоќешното обраќање до нацијата , американскиот претседател отворено се закани:

Трамп: „Ќе ја завршиме работата во Иран, и тоа многу брзо“ (ВИДЕО)

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

Најнови вести

To top