Македонија

Контроверзен бизнисмен на Заев му дал 300.000 евра за инженеринг на референдумот

Македонската јавност за постоењето на Миодраг Давидовиќ – Дака дозна во времето на власта на Зоран Заев во 2020 година, кога на социјалните мрежи излегоа аудиоснимки за тоа како токму Заев зел пари за да се види со него и да направат некаков бизнис

100 Euro banknotes isolated on white background

СДСМ биле добро запознаени со контроверзниот проруски бизнисмен, Миодраг Давидовиќ – Дака, човек на црната листа на САД поради сомнежи за корупција и злоупотреба на влијание на Балканот, вклучително и во Македонија, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е така затоа што човекот со контроверзно минато бил бизнис партнер на нивниот претседател во сенка, Зоран Заев, кој сè уште ги влече конците во СДС и управува со Венко Филипче.

„Македонската јавност за постоењето на Давидовиќ – Дака дозна во времето на власта на Зоран Заев во 2020 година, кога на социјалните мрежи излегоа аудиоснимки за тоа како токму Заев зел пари за да се види со него и да направат некаков бизнис.

На снимките се слуша Дака како вели дека на Заев му дал 300 илјади евра и 2.000 квадрати земјиште, за возврат да добие контра услуга. Понатаму во снимката, Дака вели дека Заев овие пари ги искористил за инженеринг на референдумот за името.

Во истата аудиоснимка, на која Дака разговара со главниот посредник во случајот, Зоран Милески Кичеец, освен името на Заев се слуша и името на Драги Рашковски, поранешен генерален секретар на владата на СДС предводена од Зоран Заев.

Ова значи дека тогашната власт на СДС многу добро била поврзана со контроверзниот проруски бизнисмен Дака, па дури и го рекетирале за да можат да спроведат инженеринг на референдумот за името“, се вели во соопштението.

Како добри познавачи на контроверзниот проруски бизнисмен Дака, на неговите бизниси и фирми, можеби затоа што постои веројатност нивниот шеф Заев со нив да соработувал и заработувал, им благодариме на СДС што укажаа дека фирмата Хронос Сум била во негова сопственост.

Бидејќи ништо не е „како до сега“ како во време на власта на СДС и Заев, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите правни механизми и ќе ги искористи сите законски можности оваа фирма, во сопственост на Дака, да не гради и инвестира во енергетски објекти и покрај тоа што ги исполнила условите, велат од владејачката партија.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top