Македонија

Ивановски: Железничката станица во Скопје ќе се реконструира целосно, за да добие современ лик

„Осовременетата железничка станица ќе претставува архитектонско решение како спој на првичниот изглед од Кензо Танге со додадени нови современи елементи, нова електрична инсталација, комунална инфраструктура и машински дел.“ – изјави Синиша Ивановски, директорот на Јавното претпријатие Железници инфраструктура, во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Ивановски посочува дека започнале со проектирањето за целосна реконструкција на железничката станица во Скопје и внатрешно и надворешно. „Проектот се работи заедно со Градежниот и со Архитектонскиот факултет. Во моментов се отстрануваат рекламните паноа. Овој проект треба да биде готов за една и пол година до две од денес. Потоа ќе бараме финансирање за да се реализира.“ – посочи првиот човек на Јавното претпријатие Железници инфраструктура Ивановски.

Тој додава дека во меѓувреме е почната акција за отстранување на сите билборди, што ја нагрдуваат станицата. „Дел од билбордите се постојни, а дел се од пред дваесетина години. Потоа ќе имаме голема акција да ги отстраниме сите графити, сите постери и да ја вратиме првичната боја на столбовите, со цел да го запазиме првичниот изглед на железничката станица без овие графити, постери и т.н.“ – укажува Синиша Ивановски во интервјуто.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Расте интересот за сметководството: ИСОС со нови иницијативи за младите

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) изминатиот период спроведе низа активности за подигнување на атрактивноста на сметководствената професија и нејзина промоција меѓу студентите и средношколците

„Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија досегашниот кредитен рејтинг на Македонија

Македонија води кредибилни и конзистентни макроекономски политики поддржани преку долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрите показатели за управуање во споредба со други земји со слични економски перформанси, како и посветеноста на реформи во рамки на процесот на пристапување во ЕУ. Ова го констатира кредитната агенција „Фич“ во последниот извештај со кој земјата го задржа и кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед.

Најнови вести

To top