Македонија

Изборниот законик останува заглавен во собраниските лавиринти

Венко Филипче не само што се плаши од изборен пораз, туку сака и својата партиска криза сега да ја пресели во законодавниот дом

Хроничниот страв на Венко Филипче од уште еден пораз на избори ги држи новите изборни правила заглавени во собраниска процедура. По целодневни преговори, две директни средби меѓу координаторите на пратениките групи, сепак договор нема. Решението ќе се бара и во текот на утрешниот ден. СДСМ одговори негативно дури и на понудата од премиерот Мицкоски, да бидат конструктивни, да кажат што им смета во законот и за тоа да понесат амандмани кои власта ќе им ги прифати. Еден од најголемите проблеми е што СДСМ, предходно ја напушти работната група која од март работеше на измените, лути што власта го укина постеоњето на пржинската влада, и тоа не од овие, туку дури од следните избори. Сега законот им дојде како изненадување.

„Во оваа Собрание, никој па ни ВМРО-ДПМНЕ не може насила да носи решенија кои што треба да се донесат со консензус. Нашето неучество во работната група за Изборниот законик, е резултат на насилното носење на законот за Влада. А во предлог законот има повеќе спорни решенија, ќе истакнам неколку, едно е во делот на гласањето електронски на дијаспората.. “ рече Оливер Спасовски – Координатор на СДСМ.

Според ова, главен проблем за социјал-демократите останува онлајн гласањето на дијаспората и начинот на кој граѓаните треба да го штиклираат или заокруѓат бројот на кандидатот на гласачкото ливче. Останува и заканата на СДСМ дека ќе го блокираат законот со таканаречен „филибатесринг„, односно поднесување на дури 10 илјади амнадмани кои не се суштински, туку со нив едноставно се разводнува целата дебата. За владеачката ВМРО-ДПМНЕ ова однесување на опозицијата е само доказ дека Венко Филипче не само што се плаши од изборен пораз, туку сака и својата партиска криза сега да ја пресели во законодавниот дом.

„По однос на забелешките од Левица, кажуваме аргументирано дека истите учествуваа во Работната група во Министерството за правда, и во најголем дел беа усогласени сите работи кои ги имаме договорено со нив. По однос на забелешките од СДСМ, споменавме дека тоа што не учествуваа во Работната група можеби им е хендикеп да ги разберат зошто се предложени на таков начин. Претседателот на СДСМ, Филипче е позагрижен за резултатот од следните парламентарни избори отколку од нормите кои се предложени во измените на Изборниот законик “- изјави Антонио Милошоски – Потпретседател на Собранието, Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку се постигне догово,р односно опозицијата се откаже од блокадата, треба да се закаже комисијата за политички систем каде треба да се разгелдаат измените на изборниот законик. Инаку, овие измени не се само барање на меѓунардоната заедница и ОБСЕ-ОДИХР, туку се дел и од реформската агенда што македонија треба да ја исполни во рамките на својот евро-интеграциски просец.

Најнови вести од: Македонија

На 6 декември 2026 Ана и Игор Дурловски на најголем заеднички концерт досега во Македонија: Два светски гласа – еден ЗАВЕТ!

Ќе биде организиран најголемиот заеднички концерт досега во Македонија на двата најголеми оперски гласа кои оваа земја му ги подари на светот – Ана и Игор Дурловски! На 6 декември 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, Ана и Игор Дурловски ќе ја претстават својата најамбициозна заедничка концертна продукција – ЗАВЕТ. Двајцата истакнати македонски оперски уметници, со меѓународни кариери и настапи на престижни светски сцени, ќе ја поведат публиката на несекојдневно музичко патување – од ремек-делата на класичната и оперската музика, преку незаборавните филмски теми и современите светски хитови, до богатството на македонското музичко наследство.

ВРЕДИ: Бараме оставка на Ахмети! – Тој треба да се повлече од политиката!

„Црно на бело, документите покажуваат дека министрите на ДУИ предлагале и гласале точки на седници на Владата со кои на белградската Алта Банка ѝ се овозможува деловна соработка со државата. Наместо да ги штитат интересите на граѓаните, функционерите на ДУИ отворале врати за финансиски аранжмани и партнерства со банка од Србија. Ова е само уште еден доказ за долгогодишната политичка и деловна соработка на ДУИ со структури поврзани со српските центри на моќ. По сите обиди ваквите информации да се сокријат од јавноста, фактите денес зборуваат сами за себе.“ – нагласува коалицијата Вреди во денешното соопштение.

Бојковска: Ќе има затвор за ширење лажни информации со кои се загрозува банкарскиот систем

Неодговорно и лицемерно однесувањето на опозициската СДС и нивниот претседател, изминатите денови, со кое однесување ширеа страв, хистерија и паника кај граѓаните во услови кога Народната Банка и Владата се обидуваат да најдат најбрзо решение за преземање на Алта банка

Искра Хаџи Василева: Приоритет е борбата против корупцијата и организираниот криминал

Пред Советот на јавните обвинители рече дека првенствено ќе се залага за се ефикасен кривичен прогон, целисходна работа на обвинителството и максимално искористување на расположливите ресурси

Јаревски: Не е „Алта банка“ ни ТАТ, ни Лавци, ниту пак „Еуростандард“

Банката е ликвидна, обезбедени се штедните влогови, заштитени се и доверителите. Мерките што ги презема Народната банка се веднаш промптни, уште од самиот викенд. Немаме стечај, немаме пропаѓање на банката“, рече пратеникот

To top