Македонија

Избран новиот Извршен комитет на УМС – На сцена стапува нова генерација млади лидери во ВМРО-ДПМНЕ

Членовите на новиот Извршен комитет имаат обврска за уште поголема посветеност

На вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше избран новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на млади сили (УМС), со што организацијата добива ново раководство составено од млади, образовани и докажани кадри кои во наредниот период ќе работат на унапредување на политиките и активностите за младите.

Новиот Извршен комитет е спој на младост, знаење и посветеност. Во неговиот состав се млади луѓе од различни професии и области, кои со својата работа и ангажман покажуваат дека Македонија има генерација што знае, умее и е подготвена да преземе одговорност, објави претседателот на УМС Тодор Конески.

Во време кога често се зборува за иселувањето на младите, овој состав испраќа порака дека државата располага со млади кадри кои својата иднина ја гледаат во тука и сакаат активно да придонесуваат за развојот за државата.

Конески, порача дека довербата што им е укажана на членовите на новиот Извршен комитет е обврска за уште поголема посветеност и работа во интерес на младите.

„Младите не се само иднината на државата, тие се нејзината сегашност и нејзината најголема сила. Нашата задача е да создадеме повеќе можности, подобри услови и средина во која секој млад човек ќе може својата иднина да ја гради во Македонија“, напиша Конески.

На седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, за членови на новиот Извршен комитет на Унијата на млади сили беа избрани:

Дамјан Коњановски, генерален секретар
Тијана Тесалоника Шишкоска, потпретседател
Илија Ристески, потпретседател
Борис Шамбевски, потпретседател
Љупчо Ристески
Антоанета Лазаревска
Денис Пановски
Иван Димитриевски
Мартин Ивановски
Стојан Пандов
Луна Стефаноска
Софиа Даштевски
Лина Рангелова
Марио Николовски
Иван Коцев
Филип Анастасов
Виктор Петков
Стефан Здравески
Филип Милев
Трајче Стојановски
Марио Стојчевски
Петар Младеновски
Георги Петков
Анастазија Георгиева
Јована Спасеноска
Петар Мицкоски
Александра Николовска
Тамара Трајковиќ
Дамјан Ивановски
Горјан Смилков
Стефан Стојчевиќ
Михаела Ристеска
Христијан Ефтимов
Верица Ценева

Со изборот на новиот Извршен комитет, УМС го започнува новиот организациски циклус, со фокус на поголема вклученост на младите, нови иницијативи и политики што ќе придонесат за создавање подобри можности за младите.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред сам да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top