Македонија

Избрани осумтемина нови министри во владата на Мицкоски

За Шасивари, Ферати, Серафимовски, Клековски, Велковски, Стоилковиќ, Сулејмани и Демир гласаа 69 пратеници

Со 69 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“, Собранието вечерва ја одобри реконструкцијата на Владата на Христијан Мицкоски со изборот на осумтемина нови министри.

„Политиката е минлива, функциите се минливи, мандатите се минливи, но државата останува. И затоа секоја наша одлука мора да биде донесена со свест дека не ја носиме само за денес, туку и за годините што доаѓаат“, порача премиерот.

Јетон Шасивари е нов министер за правда, Агон Ферати за односи меѓу заедниците, Борче Серафимовски за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сашо Клековски за здравство, Ѓоко Велковски за социјална политика, демографија и млади, Иван Стоилковиќ за локална самоуправа, Седат Сулејмани за култура и туризам, а Ерџан Демир е нов министер без ресор.

„Губернатор на српскиот свет“, „фрустриран и мизогин лик“ итн. беа дел од изразите употребени во тензичната шестчасовна расправа, два пати прекината со едночасовни паузи заради смирување на страстите.

„Ќе ми дозволите, како претседател на Владата, да им се извинам на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани и се надевам дека тоа никогаш повеќе нема да ни се повтори“, рече Мицкоски.

Завршницата од дебатата и гласањето поминаа без СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците, а Левица остана да аргументира против (персоналниот) избор на обновениот владин кабинет.

 

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

To top