Македонија

Изградбата на Универзалната во полн ек, ќе биде пуштена во употреба во 2028 година

Со ова темпо,  конечно, во 2028 година, во Скопје добие модерна Универзална сала – објект од големо значење за главниот град“, објави министерот за култура на социјалните мрежи

 

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, вчера присуствуваше на градежните работи на „Универзалната сала“ во Скопје и беше информиран за напредокот на проектот.

Според Министерството, работите се изведуваат според планираната динамикаи досега се извршени ископи на ниво на подрум, изградба на столбови и активности за заштита на конструкцијата, а се работи и на обработка и монтажа на челични елементи.

„Денес ги разгледав работите во работилницата на Универзалната сала, објект од особено значење за градот, во присуство на раководителот на работите „Мегарон Инженеринг“-Скопје, надзорниот орган „ЕОС Е.Е Консалтинг“-Скопје и изведувачот „Универзал Балкан“-Скопје.

Бев информиран дека досега успешно се извршени планираните подготвителни работи, градежно-занаетчиските работи и планираните рушење, а завршени се и ископите на ниво на подрум, столбови и заштита на конструкцијата. Работите напредуваат според планираната динамика, а видливите резултати од напредокот ќе се видат веќе овој викенд.

Со ова темпо,  конечно, во 2028 година, во Скопје добие модерна Универзална сала – објект од големо значење за главниот град“, напиша Сулејмани на социјалните мрежи.

Универзалната сала ќе го задржи својот стар изглед, капацитетот ќе биде 1.200 седишта, треба да биде готова до крајот на 2027 година.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Во време на премрежија Мајката Божја нѐ вдахновува и нѐ храбри да истраеме на патот на доброто, заедништвото и солидарноста

По повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до сите православни христијански верници и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и Македонски и на Јустинијана Прва Стефан.

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и нови инвестиции во безбедно и одржливо производство

По повод одбележувањето на 28 август – Денот на македонските рудари и двојниот празник на Македонска Каменица, Рудник САСА и оваа година ја продолжи традицијата на оддавање признание на своите вработени за нивниот труд, стручност и посветеност кон безбедното и стабилно работење на рудникот. За празникот, сите вработени во САСА добија парична награда за своите залагања, додека на вкупно 121 вработен им беа доделени дополнителни парични награди и признанија за особен придонес кон остварувањето безбедно и стабилно производство и за другите активности поврзани со работењето на САСА.

Ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и нѐ храбри сите да истраеме на патот на доброто

Посакувам на овој светол христијански празник, храмовите на Македонската православна црква, како во татковината, така и во дијаспората, да бидат исполнети со верници сплотени во христијанската љубов под закрилата на Пресвета Богородица

To top