Македонија

Изложба „Иницирај промена. Креирај гласно!“ во Старата скопска чаршија

Покана

Изложбата „Иницирај промена. Креирај гласно!“, ќе се одржи денеска, 10 декември 2025 година (среда), во галеријата „Драгутин Аврамовски – Гуте“, во Сули Ан, Стара скопска чаршија, со почеток во 19.00 часот.

На настанот ќе бидат претставени делата создадени на работилницата за емоции и уметност, реализирани со учество на 14 млади лица под менторство на психологот Тина Чачоровска и уметникот Доротеј Нешовски. Настанот го организира Здружението за промоција, едукација и заштита на човековите и здравствените права „Биди човек“, во соработка со Ротари клуб Скопје Интернационал и Факултетот за ликовни уметности Скопје.

Посетителите ќе имаат прилика да ги видат цртежите преку кои младите уметници ја отвораат темата за менталното здравје, за препознавањето на емоциите и за справувањето со нив, но и упатуваат повик за поголема поддршка, разбирање и отворен разговор.

Ќе ни претставува задоволство да бидете дел од овој настан, кој преку уметноста го отвора просторот за разговор, поддршка и разбирање на менталното здравје кај младите, велат организаторите.

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

To top