Македонија

Јакимовски ќе се жалел на Врховен суд за „политичката“ пресуда

Ексградоначалникот на Карпош тврди дека власта сака да го спречи да се кандидира ако Лукровски не се врати на функцијата

Стевчо Јакимовски, кому Апелацискиот суд му ја потврди затворската казна од една година за бесправно градење додека беше градоначалник на Општина Карпош, порача дека пресудата била политичка и оти ќе ја обжалел на Врховен суд.

Тезата на лидерот на ГРОМ е дека „овој диктаторски режим“ решил на овој начин да го оневозможи да с екандидира на евентуални предвремени избори во Карпош ако избраниот градоначалник Сотир Лукровски не се врати на функцијата од боледување.

„Ова е само уште еден доказ дека ние во моментов имаме диктаторски режим кој со своите политички противници се пресметува преку највиталните институции, а тоа се Обвинителството и Судот, и искрен да бидам јас очекувам вакви и слични работи оти тоа е единствениот начин на кој тие можат да се справат со мене“, изјави тој пред новинарите.

Од Апелацискиот суд, пак, денеска информираа дека, во изречената казна на Јакимовски ќе му биде пресметано и времето поминато во куќен притвор во периодот од 19 март до 15 август 2019 година, што значи дека му остануваат за издржување уште околу седум месеци во Казнено-поправната установа во Шуто Оризари.

Истовремено, Судот ја уважи неговата жалба за делот од обвинението за злоупотреба на службена положба и овластување, поради што предметот за тој дел се враќа на повторно судење.

Најнови вести од: Македонија

На Денот на македонската револуционерна борба порака од Кос: Направете ги уставните измени, исполнете ја вашата обврска!

Уставните измени се чекорот што треба да го направи земјава за да продолжи евроинтегративниот процес без дополнителни политички одлуки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос по денешната тет-а-тет средба во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.

СВР Тетово: Се преземаат мерки за спречување меѓуетничка нетрпеливост кај младите

Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица, дека синоќа тие малолетници се обиделе да проверат кај две 11-годишни деца дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до физички контакт.

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Најнови вести

To top