Македонија

Јане Ченто до СДСМ: Кога вие апсевте, тоа не беше прогон? Народот не заборава

Гонетиот и осуден за „27 април“ реагира за обвинувањата на партијата на Филипче за политички прогон од власта

Јане Ченто, правнук на првиот македонски претседател по ослободувањето Методија Андонов, реагира за обвинувањата од СДСМ до власта за политички прогон.

„СДС денес зборува за „политички прогон“.

Истите тие што до вчера правеа хајки по луѓе.
Кога вие апсевте, тоа не беше прогон?
Кога луѓе завршуваа по притвори и затвори без вина, тоа беше „правда“?
Кога се вршеа уцени, притисоци и тортури тогаш уживавте бидејќи сакавте да се изживувате врз нас.
Денес глумите жртви за тешки злодела што ги направивте и сте биле прогонети?
Но народот добро памти кој беше гонет, а кој гонеше незаконски.
Вистината не може вечно да се крие.
И иде момент кога тие што се изживуваа врз нас ќе се соочат со одговорност.
Нема заборав.
Барем јас ќе се борам за тоа.
Иронијата нема граници.
Народот не заборава.
………………………………………………………………
‘Исказите на полицискиот службеник дека Јане Ченто, кој тогаш беше во домашен притвор, не е дома, по што тој беше префрлен во затворски притвор, биле лажни, потврди Апелациониот суд.
На системот му требаа 5,5 години да го утврди ова’, објави на Фејсбук осудениот за настаните од 27 април 2017 година.

 

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top