Македонија

Јаневска: Учебната година заврши, учениците на заслужен летен распуст

Јаневска најави продолжување на реформските процеси и подготовка за уште поуспешна учебна 2026/2027 година.

Со завршувањето на наставата денеска, учениците низ целата држава официјално влегоа во летниот распуст, кој ќе трае до 31 август 2026 година.

За повеќе од 14.500 матуранти, наставната година заврши на 15 мај, а утре (11 јуни) дел од нив ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик. На 12 јуни е закажано полагањето за кандидатите за државна стручна и државна уметничка матура.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, по повод крајот на учебната година упати порака до учениците:

„Им посакувам убав летен распуст, исполнет со одмор, дружење и незаборавни спомени. Верувам дека ќе одвојат време и за литература, за стекнување нови знаења и за развој на личните вештини. Дигиталните алатки нека ги користат мудро – за учење, истражување и откривање нови можности.“

Министерката оцени дека изминатата учебна година била подобра од претходната, со воведени повеќе новости во образовниот процес. Таа посочи дека е донесена одлука за зголемување на платите за наставниците за 7,5%, со што вкупниот раст во последните две години надминува 20%.

Јаневска најави продолжување на реформските процеси и подготовка за уште поуспешна учебна 2026/2027 година.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top