Македонија

Јанкуловска со остра реплика до СДСМ: ‘Според вашата реакција, изгледа предметите навистина се суделе во вашиот штаб’

Поранешната министерка за внатрешни работи

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, остро реагираше на партиската изјава на СДСМ, во која социјалдемократите ја обвинија дека се обидува да се претстави како жртва и ја поврзаа нејзината жалба до Европскиот суд за човекови права со „потсвесна врска со процесите против нацистите“.

Јанкуловска возврати дека не гледа зошто СДСМ би се чувствувале засегнати од нејзината апликација пред ЕСЧП, освен ако, како што напиша, „предметите навистина не се суделе кај нив во штаб“.

„Зошто СДСМ би се нашле засегнати и повикани за коментар за апликација пред ЕСЧП во која се бара да се утврди повреда на Правото на правично судење која ја сторила некоја “независна” судијка во некој предмет што се водел пред Кривичниот суд, небаре предметот се судел кај нив во штаб? Ама според реакцијава, изгледа сепак таму се судел“, напиша Јанкулоска.

Во реакцијата на СДСМ се наведува дека одлуката на Стразбур да ја прифати апликацијата е само формален чекор и не значи никаква оценка за суштината на случајот. Од партијата посочуваат дека судот во оваа фаза ги проверува само процесните услови – исцрпени правни лекови, навремена поднесена жалба, статус на жртва и компатибилност со Конвенцијата.

„Тоа е стандардна процедура според член 35 од Европската конвенција“, велат од СДСМ, додавајќи дека не е ниту етички ниту правно основано да се коментира материјалната суштина пред судот да влезе во анализа.

Полемиката доаѓа по јавно објавената информација дека Европскиот суд за човекови права ја прифатил апликацијата на Јанкуловска за наводно повредено право на правично судење, поднесена во врска со пресудата за „Тенк“, по која таа ја отслужи затворската казна.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top