Македонија

Јарсма: ЕУ не може да гарантира дека Бугарија нема да ја блокира Македонија за идентитетски прашања

Европскиот експерт со поразителна мини анализа за односот на ЕУ кон Бугарија за Македонија

Раиниер Јарсма, холандски експерт за балкански, евроазиски и трансатлантски прашања анализира дека Европската Унија не може да гарантира дека Бугарија нема да ја блокира Македонија за идентитетски прашања.

Во коментар на четврттата годишнона од потписот на Францускиот предлог од страна на владата на СДСМ и ДУИ тој заклучува дека Брисел не може да даде гаранции за бугарско вето за Македонија во иднина.

,,Четири години по потпишувањето на „вториот протокол“ меѓу С. #Македонија 🇲🇰 и #Бугарија 🇧🇬 и сè уште е во ќорсокак: уставните измени остануваат заглавени во парламентот и 🇪🇺 не може да гарантира дека претпристапниот пат на 🇲🇰 нема да биде блокиран поради прашања поврзани со идентитетот”, пишува Јарсма.

Тој дообјаснува дека институциите на ЕУ едноставно не можат да даваат такви гаранции во име на земја-членка. Европскиот парламент може да усвои резолуција за да ги критикува постапките, и тоа го направил до одреден степен, но „гаранции“ едноставно не постојат во оваа област, смета Јарсма.

Во објаснувањето за кое вели дека не е личен став кажува дека процесот е едноставен: ,,Секоја земја-членка на ЕУ може да блокира земја-кандидат кога сака, на секој чекор од патот. Сепак, колку е ефикасна таа блокада, зависи од тоа колку политички капитал сака да потроши блокаторот и од тоа колку се подготвени другите држави да замижат”.

Затоа, според него постојат само два начина на кои можете да се максимизираат шансите да нема блокада:

1) Инвестирајте во добрососедски односи за да имате помала веројатност да бидете блокирани

2) Спроведете ги потребните реформи за да им биде потешко на другите земји-членки да замижат

Јарсма дообјаснува дека условот за спроведување на уставните измени е услов на ЕУ, зацементиран во резолуција на Советот на ЕУ, и затоа не е само услов за соседство. Тоа не е ниту прашање на идентитет; тоа е поврзано со правата на малцинствата и затоа е поврзано со acquis на ЕУ.

,,Ако ги погледнете сите други прашања за идентитетот во вториот протокол (кои беа отфрлени според францускиот предлог), многу е потешко да се поврзат со acquis. Откако ќе се отворат преговорите, 🇲🇰 е исто така во многу подобра позиција да се одбрани од нови барања”, заклучува холандскиот експерт.

Најнови вести од: Македонија

Демографијата тоне – аларм за намалениот наталитет во Македонија

Зарем е важно кога се родени денешните првачиња и кој е крив за се помалиот број првачиња? Факт е дека државата старее и дека од година во година имаме се помалку првачиња. Додека цели семејства заминуваат од државата, политичарите си наоѓаат нова тема за меѓусебни препукувања наместо да донесат итни мерки за да се спречи одливот на млади.

МЗ: Нови седум случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, сите од Скопје

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи се од Скопје – по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани, информираа попладнево од Министерството за здравство.

Попов: Покрај јавниот, намален и државниот долг за над 40 милиони евра, кој e сега 51,7% од БДП

Државниот долг заклучно со 30 јуни 2026 година изнесува 9,432 милијарди евра или 51,7 проценти од БДП, што претставува намалување од 41 милион евра во споредба со претходниот месец, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов на денешната прес-конференција.

To top