Македонија

Јорданов имал впечаток дека Бугарија против Македонија не играла со странски тим на ЕП во одбојка?!

„Аргументот“ на ексамбасадорот во Скопје е дека презимињата на мнозинството македонски одбојкари завршуваат на -ов и -ев

Поранешниот бугарски амбасадор во Скопје, Александар Јорданов, одамна не користи дипломатски речник кога зборува за Македонија, но по синоќешниот натпревар меѓу репрезентациите на двете соседни земји на отворањето на Европското првенство во Бугарија се надмина себеси во навредите кон „браќата“ отаде границата.

„Бев импресиониран што имињата на речиси сите одбојкари на нашиот противник завршуваа на -ов и -ев: Ѓорѓиев, Љафтов, Илиев, Маџунков, Ричлиев, Милев. А со -ски како премиерот Мицкоски, на пример, беше само Савовски. Впечатокот беше дека не играме со странска екипа“, се направи „улав“ првиот бугарски дипломат во Македонија од 2001 до 2005 година пред да употреби тој израз за македонскиот репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев поради неговата изјава на англиски јазик за бугарски новинар по мечот.

„Затоа, пак, одбојкарот Ѓорѓиев, кој се покажа дека играл шест години во бугарски екипи, се направи улав во смисла дека не разбира бугарски и ги замоли новинарите да му ги постават прашањата на англиски. Очигледно, тој внел голема количина антибугарски допинг“, додава поранешниот бугарски европратеник во блуткаво писание на Фејсбук со наслов „Ало Скопје, клучот!“ пред да истрела „рафал“ против Македонија.

„За жал, денес Република Северна Македонија продолжува да се однесува како поранешна југословенска република и во односите со нашата земја бара теле под волот. Затоа се замрзна пред вратата на Европската Унија. Сака да ја отвори оваа врата со зборови. Всушност, не го става клучот во бравата. А таков клуч е вклучувањето на бугарската национална заедница во нејзиниот Устав, како и гарантирањето на нејзините права. Во Скопје, тие имаат клуч, но не сакаат да го користат. Исто како одбојкарот Ѓорѓиев, кој додека играше за екипите на Пазарџик и Дупница, секогаш зборуваше англиски!?

Најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на процесот на европска интеграција на Северна Македонија откри дека земјата има клуч, но не го користи. Ете тоа го вели извештајот. Но, не е ли јасно дека одбојкарски натпревар се добива со подобра игра, а врата се отвора со ставање на клучот во бравата? Не го знаат ли ова денешните Северномакедонци? Бидејќи другата работа е добро позната: ниту нација ниту држава не се гради со омраза. Ова се зборовите на македонскиот историчар Ванчо Минев.

И така. Бугарија го започна своето учество на Европското првенство во одбојка со победа, а Северна Македонија сè уште има долго време да се тутка пред бравата“, со нескриена омраза ќе финишира поранешниот претседател на Народното собрание на Бугарија, измислувајќи непостоечки народ со кованица произлезена од насила наметнатата географска одредница пред името на македонската држава.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Целта е Македонија да биде земја, во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот

„Денеска се одржа церемонија за потпишување на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030 година, со која се потврдува заедничката заложба за унапредување на работничките права, подобрување на работните услови и создавање повеќе можности за економски напредок.“ – објави на својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Книжевна вечер во чест на Ѓорче Петров во Софија, за да биде зачуван во колективното помнење на македонските поколенија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа книжевната вечер „Црнилата на себеубивањето“, посветена на ликот, делото и историското наследство на Ѓорче Петров, еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Настанот претставуваше можност преку книжевноста да му се оддаде почит на Ѓорче Петров и да се потврди значењето на културното паметење, како и улогата на македонската литература во зачувувањето и пренесувањето на историското наследство на идните генерации. Ѓорче Петров е еден од идеолозите на македонската револуционерна борба за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Како жесток борец против великобугарскиот врховизам и поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти. Неговиот став кон Бугарија и бугарската политика бил критичен – тој се остро се спротивставувал на бугарските врховистички мешања во внатрешните работи на македонската револуционерна организација.

Придонесот на народниот херој Стив Наумов за Македонија, кој се самоуби, за да не им падне жив во раце на бугарските фашистички окупатори

Стефан Наумов-Стив (Битола, 27 октомври 1920 — Болно, 12 септември 1942 ) — е македонски комунист, учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија и Македонија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски-Карпош и Кузман Јосифовски-Питу). Денешната 106-та годишнина од неговото раѓање е повод за ново навраќање кон животот и револуционерната борба на овој Македонец, кој го положи својот млад и неодживеан живот во темелите на денешната македонска држава и слобода.

Стојаноски: Закон да се претворат во редовен работен однос на неопределено време договорите на луѓето, кои работат чесно со години

Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ го претстави Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос.

По 20 години нова биста на народниот херој Стив Наумов пред студентскиот дом во Скопје, кој го носи неговото име

Еден месец по отворањето на темелно реновираните објекти, во студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопска Автокоманда поставена е и биста на народниот херој по кого е именуван домот, речиси две децении откога е украдена претходната. Бистата официјално беше откриена денеска во присуство на претставници од Сојузот на борци од НОВ, кои положија цвеќе пред споменикот на Стефан Стив Наумов (1920 – 1942), роден на денешен ден пред 106 години.

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови

Најнови вести

To top