Македонија

Јорданов: Сите Македонци знаат дека нивните предци имале бугарски идентитет

Со ништо непредизвикан, бившиот бугарски европратеник и ексамбасадор во Скопје со нова доза антимакедонски пораки

Со ништо непредизвикан, некогашниот амбасадор на Бугарија во Македонија, Александар Јорданов, со нова доза антимакедонски пораки.

„Ова е уште еден македонски циркус – така изгледа однадвор, но во секој случај, ова е реакција, резултат на политиката на антибугаризмот во Северна Македонија“, го коментира Јорданов за тамошната Нова ТВ скандалот што избувна со српската турболко-ѕвезда Светлана Ражнатовиќ-Цеца и бугарското знаме што го нагрна во Велес.

„Би рекол дека романтиката за која зборуваше нашиот тогашен претседател Петар Стојанов во тоа време остана во далечното минато. Не знам дали се движиме напред или се враќаме назад, но сум убеден дека мораме да ја браниме нашата историја и култура – секоја европска нација го прави ова и им го должиме тоа на нашите предци“, рече тој.

Според поранешниот европратеник, антибугаризмот станал политичка валута во Скопје, а Бугарија предолго била пасивен набљудувач.

„Не можам да ги наречам Бугарите и Македонците два народа. Според мене, тие се еден народ“, вели тој, додавајќи дека сите херои на кои денешна Македонија е горда – Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански, Пере Тошев – се дефинирале себеси како Бугари, учеле во бугарски училишта, пишувале на бугарски јазик. „Ако му го дадеме ова сеќавање на некој друг, утре ќе мораме да му објасниме на светот кои сме“.

За него, најстрашното достигнување на мaкедонската политика е тоа што успеала да подели еден народ. „Еден татко не може да создаде два народа“, метафорично вели Јорданов. „Сите Македонци знаат дека нивните предци имале бугарски идентитет“.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

Средбата со младите правници е дел од серијата разговори што тие ги иницираа со личности кои учествувале во создавањето, толкувањето и изучувањето на Уставот

To top