Македонија

Јовановски до Кос: Пинџурот не е мојот идентитет госпоѓо ЕУ-комесарке!

Актерот со порака до еврокомесарката за проширување по повторените услови за Македонија од неа при вчерашната посета

И актерот Владо Јовановски имаше што да ѝ каже на еврокомесарката за проширување Марта Кос по нејзината посета на Македонија вчера, потсетувајќи на нејзините асоцијации со идентитетот на Македонците по македонската кујна од нејзината претходна посета во Скопје.

„Пинџурот не е мојот идентитет госпоѓо ЕУ-комесарке! Од која и земја и култура да доаѓате.

А да, македонскиот пинџур, и тавче гравче, и полнети пиперки итн. се прекрасни, ама тоа не е македонскиот идентитет, кој треба да стане бугарски, за Р. Македонија да влезе во ЕУ.
А ако постојано тоа го верглате со секое ваше доаѓање, во оваа древна македонска земја и исконска култура, со традиција, да не зборувам за историја илјадовековна, меморија, митологија…
Подобро е да не доаѓате и да не го лижете ѓонот на вашите потпетици.
Благодарам за двосмислените одговори на поставените прашања од нашите новинари и догледање!“, ѝ порача Јовановски на Словенката преку Фејсбук

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top