Македонија

Јовановски: Можеби бугарската министерка е жртва на кампања на лажните вести кои самите ги произведувавме

Новинарот најде можна причина, според него, за „северничењето“ на шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова

Новинарот Борјан Јовановски се обвини себеси и сите други во Македонија за произведување лажни вести чија жртва можеби била новата министерка за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, кога го употреби изразот „северномакедонски партнери“, за кој реагираше нејзиниот македонски колега Тимчо Муцунски.

„Треба да се поздрави гласноста која се дава на обврската од Преспанскиот договор дека ние се нарекуваме Македонци кои говорат македонски. Ретко се слушаше ова во времето на усвојување на Преспанскиот договор. Напротив, главно се ширеа дезинформации за некакви ‘Северномакдонци’“, објави Јовановски на Икс и се дополни: „Можеби бугарската министерка е жртва на кампања на лажните вести кои самите ги произведувавме… Можеби..“.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top