Македонија

Како ги „измисли“ Тито Македонците во 1944, кога царот Леополд Први ги зеде под заштита во 1690?!

Силно историско значење има особено денес повелбата на австроунгарскиот цар Леополд Први Хабсбуршки (1640-1705) од 26 април 1690 година, со која Македонците се ставаат под заштита негова и на Хабзбуршкото Австроунгарско царство во периодот додека Македонија била под турско ропство. Исклучителната важност на овој историски документ е поради тоа што и де факто и де јуре, суштински и со документ, се потврдува посебноста на Македонците како етникум и точно се определува македонскиот идентитет уште пред три века. Овој документ и натаму во е полн капацитет да ја остварува својата цел: Македонците како засебен македонски идентитет и македонски етнички ентитет да бидат одбранети од негативното влијание на други надворешни чинители, чија намера е нивно завладување, потчинување, покорување и асимилација.

Пишува: Свето Тоевски

 „… двајца Македонци, Марко Карида, роден во Косана (Кожани)и Димитриј Георги Поповиќ, роден во Македонски Солун, ни изложија колку е подготвен македонскиот народ … со сериозна намера да премине под наша заштита, поради преголемиот турски јарем, ако му биде дадено … сигурно покровителство.  Поради тоа … милостиво го прифаќаме и го примаме под наша царска и кралска заштита, препорачувајќи им, поединечно и на сите наши воени заповедници, да не го напаѓаат македонскиот народ … туку според силите, секогаш и во секоја околност, да го заштитуваат, да го бранат и да му помагаат за таа цел.“  – изјавил во својата Привилегија (Повелба) од 26 април 1690 година австроунгарскиот цар Леополд Први Хабзбуршки (1640 – 1705) до македонскиот народ, земајќи го под своја заштита во период кога Македонија била под османлиска управа. Со оваа повелба царот Леополд го прифатил барањето на Македонците за заштита од турското ропство, за возврат барајќи од нив да се приклучат во борбата против заедничкиот непријател.

Професорот Георги Гоце Дуртаноски, експерт за христијанска палеографија, ѝ врачи на претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова копија од овој историски документ со исклучително значење за македонскиот народ како уште еден аргумент и потврда за неговиот идентитет и постоење низ многуте векови. Проф.Дуртаноски, краснописец и автор на калиграфскиот препис на овој единствен документ, посочи дека оригиналниот записник бил пронајден во Воениот архив во Виена. Потоа е реконструиран во Центарот за ракописни студии при Европската христијанска академија, со којшто раководи. Привилегијата е објавена непосредно по задушувањето на македонското Карпошово востание од 1689 година.

Таа е документарна потврда за македонската посебност од крајот на 17 век и се наоѓа во Државниот архив во Виена. Ваков вид документи (привилегии) за време на владеењето на Леополд Први биле издавани за сите балкански народи, поради политичкиот интерес на Австро-Унгарија за влијание на Балканскиот Полуостров, којшто тогаш бил во политичките граници на Отоманскиот Султанат.

Шефицата на македонската држава Сиљановска-Давкова изјави дека Привилегијата е документ од особено значење за македонскиот народ и неговиот идентитет. „Документот го потврдува она, што е докажано повеќепати. Но добро е да имаме уште еден аргумент, соочени со обидите за оспорување на македонскиот идентитет.“ – нагласи Сиљановска-Давкова. Таа и професорот Дуртаноски ја нагласија важноста и ефикасноста на културната дипломатија, особено за малите држави меѓу кои и Република Македонија.

Сега што ќе кажат Бугарија, нејзините политичари и историчари, што ќе кажат и Европската унија и нејзините челници, кои толку штедро ги поддржуваат и ги бранат бугарските историски фалсификати: како ги „измисли“ Тито Македонците во 1944 година, кога австроунгарскиот цар Леополд Први ги зеде под заштита во 1690 година?Австроунгарскиот цар наведува во својата повелба изрази „Македонци“ и „македонски народ“ три века  пред да се наметне насилно и Преспанскиот договор, кој, исто така, го одрекува нивното постоење.

Музејот на македонската борба за самостојност во соработка со државните архиви од Виена и Скопје работат на претставување на овој историски документ пред пошироката македонска јавност во блиска иднина. Вакви претставувања на овој, но и на други историски документи за македонската етничка и јазична засебност во Балканот, треба да се организираат и да се одржат и ширум Европа, за да се запознае и да се увери и пошироката европска јавност за вистинските документирани факти за Македонија и македонскиот народ, наспроти бугарските измислици и негирања, кои се столбот на „Договорот за добрососедство“, поточно на „Бугарскиот договор“. Преку културно-научната дипломатија треба максимално да се засили борбата против идентитетските напади, кои доаѓаат од соседството.

„Нова Македонија“

 

 

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top