Македонија

Како МАНУ ,,ја поминал” колешката на Камбовски со 10 пати помалку научни цитати од елиминираниот кандидат Митревски

И покрај тоа што според Google scholar колешката на Камбовски од правниот факултет Лажетиќ Бужаровска е научно неспоредлива со Митревски, таа без проблем дошла со потребните 5 гласа

Одделението за општествени науки при Македонската академија на науките и уметностите ја ,,поминал” односно изгласал колешка на академик Владо Камбовски која има 10 пати помалку научни цитати од вториот кандидат професорот Драги Митревскинкој на скандалозен начин бил елиминиран од можноста целата МАНУ да гласа за него.

Според правилата на МАНУ сите кандидати за академици треба да бидат изгласани од Одделенија при академијата пред да одат на пленарно гласање пред целата академија но иако преходно одделението за општествени науки со гласање потврдило дека има потреба од археолог во МАНУ на скандалозното гласање бил елиминиран светскиот научник и водечки европски археолог Драги Митревски.

За разлика од Митревски кој добил само 4 гласа втората кандидатка професорката од правниот факултет Гордана Лажетиќ Бужаровска поминала со потребните 5 гласа од 8 членови на комисијата.

Меѓу другите скандалозни факти во оваа афера за која expres.mk истражува и објавува, еден од најголемите е фактот што комисијата каде главниот збор го водат академиците Владо Камбовски и Таки Фити без јасни критериуми дала поддршка за колешката на Камбовски од правниот факултет Гордана Лажетиќ Бужаровска а бил елиминиран Драги Митревски.

Со тоа одделението за општествени науки при МАНУ ги урнала основните принципи на таканаречениот ,,мерит” или систем на заслуги, вредности и научни остварувања.

Според системот за евиденција на научни цитати Google scholar каде што се гледа кој научник каков статус има во светската наука Гордана Лажетиќ Бужаровска има само 28 цитати од кои 25 се од последниве 5 години.

Делот од Google scholar за професорот Драги Митревски има 268 или речиси 10 пати повеќе цитати од негови трудови од кандидатката која била изгласана да оди понатаму.

Ако се анализира квалитетот на изворите на цитатите на двајцата научници ќе се види дека за разлика од Лажетиќ Бужаровска која била цитирана од благо кажано ,,неврвни” научници и институции кај професорот Драги Митревски се работи за водечки светски, европски и регионални научни фактори.

И покрај тоа што според Google scholar колешката на Камбовски од правниот факултет Лажетиќ Бужаровска е научно неспоредлива со Митревски, таа без проблем дошла со 5те потребни гласа.

Научната вредност на Митревски која е неспорна во случајов, за четворица членови на комисијата кои expres.mk ги знае, немала никаква важност.

За овие четворица поважни биле некои други квалитети на колешката и соработничка на Камбовски од катедрата за кривично право на правниот факултет во Скопје каде заедно работеле подолго време.

Expres.mk преку МАНУ испрати барање за став и аргументи во врска со оваа афера со академиците Камбовски и Фити.

Засега тие молчат.

Првиот дел од овој скандал ТУКА

Вториот дел ТУКА

За резилот на МАНУ јавно реагира историчар на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top