Македонија

Кампања на Ветвендосје во Скопје и Тетово спроти косовските избори на 28 декември: поддршка од лидерите на Вреди Меџити и Касами

Потпретседателот на косовската партија Движење Ветвендосје (Самоопределување) Глаук Коњуфца одржа вечерва собир во Албанскиот театар во Скопје, спроти новите парламентарни избори во Косово, кои ќе се одржат на 28 декември 2025 година.

 Во својата информација со наслов „Движењето Ветвендосје со кампања и во Скопје – собир на Коњуфца вечерва во Албанскиот театар“ информативниот портал на албански јазик „Фол“ од Скопје објави: „Коњуфца одржа собир вечерва во Скопје, заради информирање на членството и поддржувачите на Ветевендосје во С.Македонија, но и заради нивно сензибилизирање.“

Изет Меџити, градоначалникот на Чаир и лидер на Демократското движење, од коалицијата Вреди, вечерва објави на својот фејсбук-профил: „Вечерва се собравме на вонреден митинг, за да го поддржиме Движењето Ветвендосје и неговата визија за посилно Косово, како и за една влада, која работи за граѓаните. На овој митинг бевме заедно со потпретседателот на Движењето Ветевендосје и кандидат за пратеник Глаук Коњуфца, како и со лидерите на Вреди Билал Касами, Беким Сали, Беким Ќоку и Арбен Фетаи. Во салата, преполна со граѓани, се почувствува моќта на единството и духот на големата победа, што се приближува на 28 декември. Вечерва бевме заедно за иднина, во која секој граѓанин има глас и можност и во која Косово оди напред со надеж!“

На 22 декември 2025 година во кампањата на косовската партија Ветвендосје во Македонија со своја поддршка за неа спроти косовските парламентарни избори се вклучи и Билал Касами, градоначалник на Тетово и лидер на партијата Беса, од коалицијата Вреди. Придружуван од заменикот-градоначалник на Тетово Алби Ќамили и организацискиот секретар на Беса и пратеник во македонското Собрание Аднан Азизи, Билал Касами во просториите на општина Тетово се сретна тогаш со кандидатот за пратеник од редовите на Ветвендосје Абдулах Клинаку.

Информативниот портал на албански јазик „Фол“ објави: „На оваа средба се разговараше за изборите во Косово и други прашања.“

На својот фејсбук-профил истиот ден, на 22 декември, Билал Касами објави: „Со Абдулах Клинаку споделуваме исти мислења за многу јавни прашања. Убеден сум дека како пратеник на Движењето Ветвендосје во идниот состав на Собранието на Република Косово Клинаку ќе биде важен глас за косовското општество, за нашите заеднички вредности, но и мост на соработка со институциите на нашата земја. Абдула Клинаку се натпреварува со број 73 на листата на Ветвендосје на парламентарните избори на 28 декември. Им посакуваме нему и на Ветевендосје многу успех на изборите во недела!“



Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top