Македонија

Касами: Изјавата за поддршка на Дехари беше погрешно протолкувана и извадена од контекст

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, во пресрет на вториот изборен круг, подвлече дека во текот на мандатот работел за сите граѓани на Тетово, без разлика на етничката припадност.

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, во пресрет на вториот изборен круг, подвлече дека во текот на мандатот работел за сите граѓани на Тетово, без разлика на етничката припадност.

– Јас сум градоначалник на сите граѓани на Тетово. Ја побарав довербата од Албанците, Македонците, Турците, Ромите и на сите мои сограѓани и работев за доброто на секој од нив – изјави Касами.

Тој нагласи дека Тетово, како град со космополитски дух, е место каде секој успех и придобивка од изминатите четири години им припаѓаат и им носат радост на сите граѓани, без исклучок.

Во врска со својата претходна изјава за вториот круг избори во Кичево, Касами истакна дека таа е извлечена од контекст и погрешно протолкувана.

– Треба да се има предвид контекстот и медиумот во кој беше дадена изјавата, како и околностите во кои потоа беше пренесена. Со тоа целосно се извади од нејзината првична идеја – изјави Касами.

Тој појасни дека изјавата е дадена во момент кога, според него, политичките противници се обидувале максимално да ја отворат етничката карта во изборниот процес.

– Изјавата, во моментот кога беше дадена, беше во контекст на тоа што нашите политички опоненти во овие избори се обидоа максимално да ја отворат етничката карта. Целата таа изјава, би рекол, беше искрена, но политички беше погрешно протолкувана – нагласи тој.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top