Македонија

Lamia Proof донира итна водена заштита за погодените семејства во Кичево

Lamia Proof

По поплавите што доведоа до евакуација на над 200 лица и сериозни оштетувања на десетици домови, Lamia Proof излезе на терен со директна донација за итна водена заштита за погодените семејства.

Во Кичево беа испорачани:

​•100 големи апсорбирачки вреќи со капацитет до 25 литри по вреќа (вкупно 2,5 тони апсорпциски капацитет),

​•блокатори за спречување повторно навлегување на вода,

​•100 комплети со помали апсорбирачки вреќи и специјализирани заштитни вреќи за врати.

Овие средства се наменети за брза интервенција во ситуации каде што водата останува по повлекувањето на цистерните или каде што механизацијата нема пристап.

Во услови на поплава, најголемата штета често настанува во првите часови – кога водата продира во подруми, приземја, ходници и деловни простории. Дури и по интервенција од службите, преостанатата вода продолжува да ја оштетува подната конструкција, ѕидовите, мебелот и електричните инсталации.

Апсорбирачките вреќи овозможуваат контролирано собирање на водата без струја и без механизација, решение што може веднаш да се активира во секој дом.

„Не смееме да ја третираме поплавата како исклучок. Таа е реалност што станува сè почеста. Како што секој објект има противпожарен апарат, време е да има и основни средства за водена заштита,“ порачаа од Lamia Proof.

Оваа интервенција е повеќе од донација. Ова е повик за системска подготвеност и култура на превенција во услови на сè почести екстремни временски настани.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top