Македонија

Ќе се гради кружен тек кај Народна банка и две монтажни катни гаражи во рамки на Клинички центар

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека средствата се обезбедени без нови задолжувања и дека ќе бидат вложени во проекти кои директно треба да го подобрат секојдневието на граѓаните

Со ребалансот на буџетот што денеска го усвои Советот на Град Скопје  се обезбедуваат дополнителни 166 милиони денари за нови капитални инвестиции, меѓу кои изградба на кружен тек кај Народна банка на  Македонија и две монтажни катни гаражи во рамки на Клинички центар „Мајка Тереза“.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека средствата се обезбедени без нови задолжувања и дека ќе бидат вложени во проекти кои директно треба да го подобрат секојдневието на граѓаните.

„Денес на седницата на Советот на Град Скопје беше усвоен ребалансот на буџетот со кој средствата се зголемуваат за дополнителни 166 милиони денари. Тоа се средства што директно ги враќаме кај граѓаните преку нови капитални инвестиции за нашиот град“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека зголемувањето на буџетот не е резултат на нови задолжувања.

„Ова е пример како со домаќинско и одговорно работење, со дисциплина и посветеност, се создава простор за повеќе инвестиции и повеќе проекти кои директно го подобруваат животот на скопјани“,  рече градоначалникот.

Еден од клучните проекти е изградбата на нов кружен тек кај Народната банка, што треба да го олесни сообраќајот на едно од најоптоварените крстосници во градот.

Паралелно со ова, ќе започне и изградбата на две монтажни катни гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Со гаражите кои ќе имаат капацитет од околу 500 паркинг места, а инвестицијата е проценета на околу три милиони евра “конечно ставаме крај на долгогодишниот проблем со паркирањето во клиничкиот комплекс кој со години создаваше нервоза и неизвесност за пациентите и нивните семејства“  изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека гаражите ќе бидат во надлежност на Град Скопје.

Со ребалансот на буџетот се предвидуваат инвестиции и во образованието. Во училиштата под надлежност на Град Скопје ќе се воведат топлотни пумпи, со што ќе се укине греењето на нафта.

„Инвестираме во топлотни пумпи со што повеќе нема да има училиште во рамки на Град Скопје кое ќе се грее на нафта. Тоа е голем чекор напред кон почист воздух и поздрава животна средина за нашите деца“, рече Ѓорѓиевски.

Дополнително се предвидува поставување фотоволтаици, санација на училишни дворови и поставување нова урбана опрема.

„ Кај мене зборот е збор. Нема импровизации и празни ветувања. Има работа, и само работа“, порача градоначалникот.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

To top