Регион

Дачиќ на респиратор, следните 72 часа клучни

Срспкиот претседател Вучиќ го посети вицепремиерот и министер за внатрешни работи во Клиниката за пулмологија

По итната хоспитализација поради нагло влошената здравствена состојба, потпретседателот на српската влада и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ е приклучен на респиратор и лекарите од Клиничкиот центар во Белград се борат за неговиот живот.

„На респиратор е, има обострано воспаление на белите дробови и ги добива сите потребни лекови. Клучни се наредните 72 часа, во кои лековите треба да дејствуваат, а со механичката вентилација купуваме време за тоа“, изјави Спасое Поповиќ, помошник-директор на Клиниката за пулмологија при КБ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го посети Дачиќ во болницата и изрази увереност дека тој ќе ја добие животната битка.

„Го посетивме потпретседателот на Владата и претседател на СПС сите заедно. Тешка е ситуацијата, но веруваме во лекарите, веруваме во него и се молиме за него“, изјави Вучиќ пред влезот на клиниката.

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top