Македонија

Ќе се примат 300 нови професионални војници во АРМ – Повик до младите да работат во служба на татковината!

Министерството за одбрана на Република Македонија денеска го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија.

Општите услови (да се македонски државјани, да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност), посебните услови (да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници), како и сите останати детали се наведени во јавниот оглас, кој е објавен на веб-страницата на Министерството за одбрана. Јавниот оглас трае 15 дена вклучувајќи го денот на објавување.

Министерството за одбрана на Република Македонија ги повикува сите млади и заинтересирани граѓани да ја искористат оваа можност, да работат во служба на татковината и да бидат дел од Армијата на Република Македонија, која нуди стабилна и сигурна кариера, континуирана обука и личен развој, развој на тимски вештини и вистински вредности.

Деталите можат да се најдат на следниот линк: https://mod.gov.mk/mk-MK/oglasikonkursi/javni-oglasi

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top