Во населбата Буњаковец повторно се отвораат сериозни прашања за паркирањето, сечењето на дрвјата и зафаќањето на тротоарите со градежни активности.
На овие проблеми остро посочи Стефан Кирков, член на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој побара Општина Центар јавно и јасно да ги разјасни условите под кои се гради објект на улицата „Костурски херои“.
Кирков праша како е можно да се реализираат вакви проекти без конкретни одговори за паркинг-просторите, зеленилото и безбедноста на пешаците, нагласувајќи дека овие прашања се од суштинско значење за секојдневието на жителите на Буњаковец.
Тој ги повика градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, да излезат на терен и лично да се соочат со проблемите со кои се соочуваат граѓаните.
Според него, ветувањата за повеќе зеленило, хумано уредени населби и подобри услови за живот мора да престанат да бидат само декларации и да се преточат во видливи, конкретни решенија.
Кирков побара Општина Центар јавно да соопшти дали при изградбата се почитуваат одобрените урбанистички планови и на кој начин ќе се заштитат пешачкиот простор и постојното зеленило.