Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината, соопштуваат од општината.

Како што наведуваат оттаму, инспекциските служби, по претходно изготвен регистар од месните и урбаните заедници, денеска започнале со лепење на известувања за задолжително отстранување на овие возила.

Согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад, сопствениците на регистрираните возила во неупотреблива состојба имаат рок од десет дена сами да ги дислоцираат од јавните површини.

– Нашиот приоритет е ослободување на секое парче јавна површина кое е блокирано од стари и неупотребливи возила. Овие возила не се само естетски проблем, туку се и пречка за нормалното движење на пешаците и возилата. Денешната акција е резултат на координација со месните заедници кои ни помогнаа да ја мапираме точната состојба на терен. Ги повикувам граѓаните да соработуваат, бидејќи само заедно можеме да го вратиме редот на нашите улици и да обезбедиме поголема безбедност за сите – изјави градоначалниката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Доколку сопственикот не го отстрани возилото во дадениот рок од 10 дена од денот на известувањето, инспекциските служби на Општина Кисела Вода ќе изготват решение за отстранување, по што  тие ќе бидат подигнати од страна на колективниот постапувач „Грин Роад“ и транспортирани на собирно место наменето за таа цел.

Најнови вести од: Македонија

Самсунг (“Samsung“) ја задржа Број 1 позицијата на глобалниот пазар за комерцијални дисплеи 17 години по ред

Новиот извештај од индустријата ја потврдува лидерската позиција на Самсунг, додека компанијата го проширува своето портфолио на напредни дисплеи и интегрирани решенија за бизниси ширум светот

Банкарската службеничка Б.Б.И. (31) од Тетово примените 39 илјади евра од тетовец наместо на негова сметка си ги ставила во џеп!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.И. (31) од Тетово поради сомнение за кривично дело „затајување“. Според информациите на полицијата, пријавената, како вработена во филијала на банка во Тетово, на 3 ноември 2025 година во службените простории примила 39.000 евра од 59-годишен тетовец, кој сакал парите да ги депонира на својата сметка. Наместо средствата да бидат уплатени во рок од три дена, како што му било кажано, тие не биле префрлени на сметката на оштетениот, туку, според пријавата, биле противправно присвоени.

To top